Убиец монструм: Нуди пари за некој друг да ја одлежи казната!

Главниот осомничен за смртта на несреќната келнерка од Нови Сад очигледно со сите сили се обидува да избега од вината, па според последните информации, тој бара некој кој ќе ја преземе одговорноста, а секако, за тоа ќе добие поголема сума на пари.

Имено, возачот на црниот џип со кој била прегазена дваесет и осумгодишната Марија Милишиќ во Нови Сад, триесет и двегодишниот Горан Шарац Гого понудил неколку десетици илјади евра за оној кој ќе ја преземе одговорноста за прегазувањето на несреќната девојка, објавува српски Курир.

Полицијата во Нови Сад открила дека токму Шарац на 1 декември со својот автомобил ја удрил Марија и потоа избегал од местото на несреќата. Она што е особено интересно е фактот дека автомобилот не се води како негов, туку како сопственост на неговата невенчана сопруга Тијана (25), со која што тој има и дете на возраст од една година.

Опасен и вооружен

“Шарац пред две недели на Сомборскиот булевар, на одбележан пешачки премин, со овој автомобил ја прегазил Марија Милишиќ од Нови Сад, а потоа избегал од местото на несреќата. По него, врз телото на несреќната девојка налетал таксистот Стеван Царевиќ (57) од Нови Сад”, стои во извештајот на полицијата.

“По прегледани повеќе од 300 црни џип автомобили, заклучивме дека во несреќата учествувал џипот на Горан и со истиот управувал токму тој. Дознавме дека од несреќата, па се до ден денес, тој се обидува да најде некој кој за поголема сума на пари ќе признае дека ја прегазил девојката. По градот тој нудел неколку илјадници евра за некој да ја отслужи казната наместо него”, изјавил неименуван извор близок до истрагата за споменатиот српски магазин.

Од спроведената истрага било откриено дека Шарац неодамна се преселил во Нови Сад со својата девојка. “Многу е опасен и секогаш е вооружен. Зад себе има дебело полициско досие, а распишана е и меѓународна потерница во Хрватска поради разбојништво. Исто така, тој се бара и од страна на Интерпол”, додал добро упатениот извор.

marija2

Брат на помошникот на Аркан

Шарац веќе бил познат за органите на власта, пред се затоа што неколкупати бил поврзуван со тешки кривични дела, во рамките на кои секогаш користел огнено оружје.

“Братот на Горан е познатиот Младен Шарац, кој беше мајор на гардата на Аркан”, изјавил неименуваниот извор, додавајќи дека до неодамна, монструмот-возач бил сопственик на обложувалница.

marija

Очајно семејство: Тој ќе излезе од затвор, но Марија од гробот не!

По трагичната смрт на младата Марија, четиригодишната Теодора остана без мајка, која што се уште не е свесна дека нејзината мајка никогаш нема да се врати од работа. Исто така, зад себе Марија го оставила и својот невенчан сопруг Младен.

“Повеќе ја нема… Ја нема! Ништо не може да ни ја врати. Дури и ако го фатат убиецот, тој ќе излезе од затвор, но таа од гробот никогаш. Единствено што најдовме некаков душевен мир, барем да знаеме кој ја уби мајката на Теодора”, изјавиле од семејството на Марија.