Убиецот на Ангел со нарушено здравје

Продолжи судскиот процес за случајот со убиството на матурантот Ангел Петковски.

На денешното рочиште свои изјави дадоа дел од сведоците предложени од обвинителството.

Адвокатот на одбраната, Ангел Ѓеоргиев, му укажа на судот дека обвинетиот Насер Ештрефи има сериозни здравствени проблеми, односно перцептивна редукција на видот на левото око со силни главоболки, кои тврди дека ги констатирал и затворскиот лекар и побара дозвола на обвинетиот да му биде извршен детален преглед на скопската Клиника, со цел се спречат поголеми здравствени нарушувања.

Одбраната вели има докази во своја корист, но не и очевидци кои ќе раскажат што се случило. Taa ќе бара ново вештачење за психичката пресметливост.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.