Убиецот на Димитар од Охрид доби уште една кривична

Обвинетиот за убиството на Димитар Матилоски од Охрид, Бојан У. од Краљево, ќе одговара и за недозволено користење наркотици.

Според полицијата, на 31.12.2015. година пријавениот, кој бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели  М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија им овозможил уживање на мфетамин.

Претходно, против него беше поднесена и кривична пријава за „убиство на свиреп начин“.

Имено, обвинетиот за време на новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ го претепа до смрт Димитар Матилоски до Охрид.