Убиецот на Ивана ја силувал и неговата снаа

Дваесет и девет годишната Јулија Кнежевиќ за српски Курир раскажала како убиецот на Ивана Продашиќ ја силувал и неа пред неколку години.

Таа тврди дека монструмот ја одвел во напуштена куќа и брутално ја злоставувал цели два часа, иако била негова снаа.

– Кога слушнав што и се слулило на малата Ивана и ја видов нговата слика на телевизија, веднаш се присетив на хоророт што го доживеав, вели Јулија.

Тој ја силувал снаата пред неколку години, но никој не и’ поверувал, бидејќи монструмот Дарко Костиќ бил брат на нејзиниот сопруг Богдан.

– Последните неколку дена ме бараше и се распрашувал за мене, можеби и мене сакал да ме убие како тоа несреќно девојче. Сега знам дека е во затвор, но и понатаму се плашам, посочила Јулија.

Во истата куќа каде ја убил Ивана, Дарко пред неколку дена ја силувал и 22-годишната Кристина Ковачевиќ.