Убиецот на Лука уапсен во Кина?!

Марко Миличев кој е обвинет дека на 25.јули на Бранков мост во Белград со своето возило го удрил и усмртил 21-годишниот Лука е уапсен во Кина, дознава српскиот портал Ало.

Миличев наводно на 10.август од белградскиот аеродром Никола Тесла отпатувал во Истанбул, од каде исчезнал на 13.август. Утврдено е дека тој од Турција одлетал во Хонгконг, од каде заминал во централна Кина.

Миличев првиот пат е лоциран на аеродромот во Хонгконг, по што бил скришно следен и уапсен во централна Кина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.