Балкан

Убиецот на македонскиот таксист во Србија доби 30 години затвор

Убиецот на македонскиот таксист во Србија доби 30 години затвор
Затвор 30 години за убиецот на македонскиот таксист во Србија
Мирослав Матиќ е осуден денеска во Вишиот суд во Белград на 30 години затвор, поради тоа што минатата година го уби таксистот Ќиро Треневски, со македонско потекло, а потоа и свештеникот Мирослав Чворивиќ.

Во завршните зборови пред пресудата, заменикот на обвинителот наведе дека во текот на судењето е докажано дека Матиќ извршил двојно убиство и барал да биде осуден на 40 години затвор.

Матиќ тогаш ја призна вината и рече дека се кае за злостроството што го направи.