Убиецот на Мартин Нешковски доби максимална затворска казна од 14 години

МВР со сите свои капацитети и целосна мобилизација вложи максимални напори да се открие извршителот на убиството на Мартин Нешковски.

Припадникот на специјалната единица „Тигри“ Игор Спасов од Штип е осуден на казна затвор во траење од 14 години за убиството на Мартин Нешковски на 5 јуни 2011-та.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес посочи дека во ниту еден момент ниту МВР, ниту било кој друг политичар или функционер не само што не го скрива убиството, туку сите сили, сите  се труделе сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Убиецот на Мартин Нешковски одговара за стореното дело. Тој е осуден на 14 години казна затвор!