Убиецот на Тијана ја молел мајка си за прошка

Мајко прости ми. Што е тука е. Не можам навечер да спијам. Кога ќе ги затворам очите нешто ме гуши во градите, и рекол монструмот Драган Џуриќ на мајка си која е единствената што го посетила во затворот откако беше уапсен за убиството на 15 годишната Тијана во Србија.

– Плачев и јас и не можев ни да го прашам дали е вистина тоа за што го обвинуваат, и ако е вистина, зошто тоа го направил, вели мајка му за српски Ало навдувајќи дека по средбата нема никакви одговори.

tijana1

– Се сомневам дека нешто го запоседнало. Го одгледав од кило месо, а ме боли што ништо не приметив. Верувајте ми, да имаше некакви знаци дека мојот син ќе направи такво нешто, јас би го спречила. Многу ми е жал за тоа девојче. Силно ме боли душата и постојано се прашувам дали е вистина и зошто го обвинуваат мојот син. Го знам своето дете и не можам да поверувам дека туку така решил некому да му наштети. Се сомневам и дека некој го наговорил или го принудил да направи такво нешто, раскажува мајката и признава дека од срам и чувство на одговорност не смее да излезе на улица затоа што се плаши дека некој ќе впери прст во неа.

– Ме боли многу за Тијана и постојано се преиспитувам себе си и однесувањето на син ми. Дали тоа го направил? Зошто не помисли на мене и на сестра му, се прашуваа мајката Макивија и објаснува дека по сето ова, таа се преселила кај пријателка и дека живее со пензија од 10.000 динари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.