Балкан

Убиецот на Тијана ужива како да е во хотел

Убиецот на Тијана ужива како да е во хотел

Триесет и четиригодишниот месар од Суботица, Драган Џуриќ, кој ја уби петнаесетгодишната Тијана во затворот во Белград е како во хотел.

– Само лежи и спие. Многу малку се движи. Напор дава само кога се врти од една на друга страна на креветот. Пред неговата ќелија постојано седи стражар кој го чува, вели извор за српскиот Ало.

Џуриќ ќе го надгледуваат тим од психијатри и психолози кои ќе утврдуваат дали бил непресметлив за време на убиството.