Балкан

Убиецот од Истанбул дел од групата што го нападна аеродромот „Ататурк“

Убиецот од Истанбул дел од групата што го нападна аеродромот „Ататурк“

Според информациите што ги добила турската државна Национална разузнавачка организација (МИТ), можно е напаѓачот кој за време на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул уби 39 и рани 69 лица, да е дел од групата на ИД што изврши напад врз аеродромот „Ататурк“ на 28 јули минатата година, при што настрадаа вкупно 45 лица.

„Хуриет дејли њуз“ јави дека МИТ на 19 декемри примила разузнавачки податоци за тоа дека постои можност Исламската држава да изврши напад за време на новогодишната ноќ, како и дека била изедена операција во периодот од 28 до 31 декември, во која се приведени 63 лица осомничени за поврзаност со ИД.

Според информациите што ги добила МИТ, ИД планирала да постави бомби, да изврши напади со бомбаши-самоубијци или вооружени напаѓачи врз ноќни клубови и места со многу луѓе каде се чека Новата година во Анкара, Истанбул, како и во јужните турски покраини Адана, Анталија и Мерсин.