Убиецот од кафе барот „Баркод“ се предаде во полиција

Триесетгодишниот Р.Ј. од Голема Речица, осомничен за убиството во кафе барот Баркод во Тетово, денеска околу 11 часот самиот се пријавил и предал во полициска станица во Скопје, пренесе МИА.

– Тој е осомничен за убиство на А.А.(22) од Порој при пресметката што на 10 април се случи во кафе барот Баркод во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Р.Ј. во полицискта станица со себе го донел и оружјето со кое се претпоставува дека пукал.

Веднаш по вооружената пресметка во Баркод, во која смртно беше погоден А.А., а со разни повреди се здобија уште 10 лица меѓу кои и второсомничениот А.М(23) од Голема Речица, Р.Ј. избега во непознат правец по што по него беше распишана централна потерница.

За  А.М. и Р.Ј. во отстуство судија во претходна постапка на Основниот суд во Тетово им одреди мерка притвор од 30 денови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.