Убиецот од Злетово ги убил жртвите со службениот калашников

Три пати бил пријавуван за семејно насилство и против него се воделе постапки пред Кривичен суд. Извори на Press24 од истрагата откриваат дека Драганчо Манаилов тројното убиство во Злетово утрово го извршил со службениот калашников.

Осомничениот се уште е професионален војник на АРМ. Ноќеска бил на стража во Куманово. Викендов бил тестиран затоа што процедурите на АРМ налагаат пред да отиде на стража да бие проверена неговата психичка состојба. Анализите покажале дека ги исполнува сите услови и е во состојба да ја извршува стражата. Затоа армијата и му го дала службениот калашников. Утротово кога  си заминува од стража со службениот калашников пука во родителите на својата сопруга и уште едно лице.

Манилов од претходно и е познат на полицијата.

И претходно во 3 случаи бил пријавуван за семејно насилство и против него се водат постапки пред кривичен суд за насилство.

Иако директорот на БЈБ преку институционална телеграма побара на овие лица да им биде одземено оружјето кое го поседуваат, за него оваа постпка не важела, бидјеќи Манаилов не поседувал приватно оружје, а за неговиот службен калашников не била задолжена полицијата тука Армијафа.

Не е познато е дали аармијата воопшто знаела дека против Манаилов се воделе постапки за семејно насилство. Нема иформации какви се процедурите во армијата.
Бидјеќи постапките пред судот не биле завршени со правосилна пресуда постои можност армијата воопшто да не знаела дека против нејзиниот војник се водат судски случаи.

Убиените се родители на неговата сопруга. За тертоубиениот нема информации во какви односи бил со сопругата на убиецот.  Истрагата оди во две насоки. Поради нарушените брачни односи постојат сомневања дека некој од брачните другари имал вонбрачна врска но се уште не се знае кој.
Третото лице кое што е убиено, можно е да е во роднински врски со љубовникот или љубовницата на еден од сопружниците но ова се само тероии кои ги истражува полицијата и се уште нема официјални информации.
Екипи на МВР од утрово пребарале повеќе локации во Злетово но се уште не успеале да го пронајдат осомничениот.