Убиен десеттиот албанец во Сирија

Шериф Таршани од селото Молари кај Елбасан, Албанија е десеттиот албански државјанин кој животот го загубил во Сирија. Веста за убиството на Таршани е потврдена и од члениовите на неговото семејство. Таршани заминал за Сирија во јули минатата година, заедно со својата сопруга и трите деца, за директно да учествува во војната.

Таршани е официјално десеттиот албански државјанин кој загинал во Сирија. Вкупниот број на убиени Албанци од Балканот во Сирија не се знае, а официјално е потврдена смртта на триесет. Најмногу од жртвите, поточно 14 се од Косово, 10 се од Албанија, 4 од Македонија, а останатите од Прешевската долина.

Албанците од Балканот се припадници на движењето Исламска држава на Ирак и Левантот или во фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда.