Убиен директор на банка во Тирана

Албанската полиција денеска соопштила дека во центарот на Тирана е убиен директорот на „Крединс Банка“, една од најголемите приватни банки во земјата.

Артан Санто, еден од основачите на таа банка е убиен додека влегувал во канцеларијата, соопштил портпаролот на полицијата Алма Катриџини.

Повикувајќи се на изјави на сведоци, новинските агенции пренесоа дека двајца мажи на мотор најпрво си муабетеле со Санто, а потоа во него испукале шест куршуми, од кои еден во главата.

Мотивот за убиството засега не е познат. Санто (58) бил извршен и генерален директор на „Крединс Банка“ 11 години. Тоа е една од 16-те банки во Албанија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.