Убиен директорот на Кока Кола во Санкт Петербург

Директорот на Кока Кола е убиен во Санкт Петербург, а руската полиција денеска уапси две лица осомничени за неговото убиство.

Директорот Дмитриј Сошњев исчезна во петокот и од тогаш е отворена истрага. Истражните органи соопштија дека телото е пронајдено и две лица се уапсени.

Двајца мажи закажале состанок со Сошњев во петокот во мирен дел на градот. На местото на средбата пукале во него од огнено оружје од домашно производство, соопшти истражното биро.

Двајцата осомничени по убиството од жртвата одзеле 2.284 евра и документи од автомобил „БМВ“ кои планирале да ги продадат.