Убиен двоен светски шампион во кик бокс (ВИДЕО)

Вчера беше пронајдено телото на 43-годишниот маж кој умрел од рани здобиени од огнено оружје. Телото е пронајдено на паркинг во трговски центар на југозападот на главниот град, рекла портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Русија, Ирина Волк.

Станува збор за убиството на Џабраил Џабраилов, поранешен професионален кик боксер, кој беше двократен светски шампион во кик бокс.

Се натпреварувал и како професионален боксер, и победил на 19 од 26 меча и бил шампион на Русија и ја држел титулата WBC Intenational во полутешка категорија. Осомничениот за убиството бил уапсен при влегување во авион со кој требало да побегне во Баку.

Ирина Волк навела дека убиецот има 31 година и дека ја познавал својата жртва, односно дека и осомничениот бил од Северен Кавказ.

Според првите информации од истрагата, убиецот и убиениот до трговскиот центар пристигнале со ист автомобил, во кој се скарала за пари.

Џабраилов бил убиен со куршум во телото од пиштол “Макаров”, а осомничениот побегнал од самото место.

На снимката се гледа како Џабраилов паѓа на снегот од возачкото седиште, додека осомничениот бега пешки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.