Свет

Убиен џихадистички водич во Мали

Убиен џихадистички водич во Мали

Високиот раководител на џихадистичката група ал-Мурабитун во Мали,  Ахмед ел Тилемси, беше убиен во операцијата на француските сили во регионот на Гао на северот од Мали, јавува МИА.

Според соопштението на француската армија, во операцијата биле „неутрализирани“ десетина членови на една терористичка група.

Операцијата била изведена во координација со властите на Мали.

Деновиве во Франција се отвори полемика по ослободувањето на заложеникот Серж Лазаревиќ, кој беше киднапиран од џихаистите во Мали. Имено, за неговото ослободување од џихадистите биле ослободени џихадисти, што би можело да влијае врз понатамоѓното француско ангажирање.