Убиен е портпаролот на ИД во Алепо

Исламска држава соопшти дека нејзиниот портпарол Абу Мохамед ал Аднани кој е сириски жител, бил убиен во сирискиот град Алепо.

Ал Аднани беше познат по повиците кон приврзаници на ИД да почнат со акции во државите каде се наоѓаат и да користат какво било оружје. По тој повик беа извршени серија напади во Европа.

Симпатизерите на ИД беа повикувани од Ал Аднани да напаѓаат граѓани на држави кои се дел од антиисламистичката коалиција предводена од САД. Информацијата за загинувањето на Ал Аднани ја објави агенцијата Амак, блиска до ИД.