Убиен еден од лидерите на проруските сепаратисти

Алексеј Мозговој, еден од лидерите на проруските сепаратисти од источниот дел на Украина загина вчера заедно со уште неколку соборци откако џипот со кој се превезувал налетал на заседа.

 

Мозговој го убиле непознати мажи вооружени со огнено оружје, речиси на истото место каде веќе е извршен обид за атентат врз него на 7 март, на автопатот меѓу Луганск и местото Алчевск, каде се наоѓа штабот на Бригадите Призак.

Претставник на споменатите милиции изјави дека Мозговој е тешко ранет и потоа починал на самото место.