среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 30

Убиен еден од напаѓачите во вооружениот инцидент во Брисел

brisel

Последни вести

Еден од двајцата осомничени за денешниот напад на полицајци во Брисел е убиен, откако бил забележан од полициски хеликоптер во еден двор, објавија белгиските медиуми.

Напаѓачот бил вооружен со автоматска пушта.

Белгиската и француската полиција започнаа голема потрага по двајцата осомничени во Брисел, откако еден од нив повреди тројца полицајци во престрелка за време на антитерористичка операција поврзана со истрагата за минатогодишните терористички напади во Париз, пренесува МИА.

Полицијата ја опколила куќата во која се случила престрелката во јужниот дел на Брисел.

Француската полиција соопшти дека еден од главните осомничени за исламистичките напади во Париз минатиот ноември, Салах Абдеслам не бил мета на денешната полициска акција во Брисел.

Најчитани вести