Убиен Ел Багдади, лидерот на исламските терористи на ИСИЛ

Нападите на коалицијата против териористичката организација исламска држава Ирак и Сирија (ИСИС) се интензивираат. Циркулира информација дека во тие напади е убиен нејзиниот Калиф, Ебу Бекер Ел Багдади, јави онлајн изданието на приштинскиот весник Експрес.

“Оваа фотографија каде се гледа дека тој е убиен циркулира по социјалните мрежи. Форумот на џихадистите и на официјалната веб страница на ИСИС ни се потврдува ниту се демантира веста за неговото убиство”, наведува Експрес.

Ебу Бекер Ел Багдани, или Калиф Ибраим (43) е првиот калиф на сите Муслимани по падот на Османлиската империја пред сто години.