Убиен градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи е убиен утрово по вербална расправија. Според информации, Идиризи е застрелан од жител на Боговиње денеска утро по што веднаш е пренесен во Медицинскиот центар во Тетово. Идризи им подлегнал од повредите во тетовската болница.

Во градоначалникот пукал 52-годишниот Абази Ќани кој откако го застрелал Идризи се обидел да се самоубие. Абази се обидел да се застрела со еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница по што со Брза помош е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Абази, според информации во медиумите, е поранешен вработен во општина Боговиње.