Убиен клучен сведок за судењето на Морси

Во експлозија на бомба пред египетското министерство за надворешни работи убиени се тројца полицајци, вклучувајќи го и клучниот сведок на судењето на симантиот претседател Мухамед Морси.

Одговорноста за овој напад ја преземала исламистичката милитантска група Ајнад Миср.

Во своето соопштение, оваа група навела дека операцијата покажала дека можат да дојдат и до министерството за надворшни работи и да ги убијат сите службеници.

Исто така, додадоа дека операциите за одмазда нема тука да застанат.

Еден од загинатите полицајци бил и Мухамед Махмуд Абу Сареа, кој бил клучен сведок на судењето за Морси, јавува Ројтерс.