Командант на УЧК попладнево беше убиен во кафуле во Куманово, а две други лица се повредени.
Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, денес бил убиен околу 16 часот во кумановската населба Бедиње каде што седел со неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири.
Според првичните информации напаѓачите во „мерцедес“ со зелена боја се доближиле до кафулето. Од прозорец додека автомбоилот бил во движење почнале рафалите кон масата на кој седел Реџепи.
Како што пишува весникот „Вечер“, Реџепи бил погоден со неколку куршуми и починал на самото место додека неговиот братучед Шефки и Демири биле ранети. Тие се пренесени во скопскиот Клинички центар и засега нема информации околу нивната состојба.
Џемаил Реџепи е член на ДУИ
Командантот на УЧК, Џемаил Реџепи алијас „Командант Шипоња“ е член на ДУИ и кандидат за претседател на локалниот огранок на партијата од Липково и противник на Бајрам Лимани кој беше именуван за претседател директно од Мала Речица, односно од лидерот Али Ахмети. Неговиот избор предизвика револт кај локалното членство и затоа веќе три месеци не можат да се одржат внатрепартиски избори.
Според неофицијални информации Реџепи, кој воедно е е учесник во воениот конфликт во 2001 година и бил инструктор во 113 бригада, во кафулето каде беше ликвидиран требало да се сретне токму со Лимани.
Мотив за ликвидацијата е одмазда
„Вечер“ како можен мотив за ликвидацијата наведува дека наведува дека најверојатно станува збор за одмазда бидејќи токму Реџепи, но и потпретседателот на ДУИ, Садула Дураку, пред неколку дена беа остро нападнати од Мухамед Красниќи – „Командант Малишева“ кој беше заробен во акцијата во Диво Насеље.
Тој во неколку објави на социјалните мрежи ги нарече Реџепи и Дураку „измамници и ајдуци“, а ликвидацијата најверојатно ја извршиле лица блиски до разбиената терористичка група. Јавна тајна е дека неколку дена пред нападот на карулата кај Гошинце, во домот на Дураку во Липково дошле неколку членови на терористичката група кои му се закнувале со ликвидација, пишува „Вечер“ и нагласува дека засега за ова нема потврда од МВР бидејќи нема осомничени лица.
Повредениот Шефки Реџепи, којшто седел во кафулето заедно со убиениот командант на УЧК, кон крајот на април годинава беше уапсен заедно со својот брат Реџеп Реџепи откако во нивните семејни куќи беше најдено поголемо количество динамит.