Убиен кошаркарот на руски „Химки“, американецот Ханикат

Најголемата ѕвезда на рускиот евролигаш Химки, Американецот Тајлер Ханикат наводно е убиен синоќа во престрелка со полицијата пред својот дом во Шерман Оукс, Калифорнија, објавија утринава медиумите од САД.

Нема официјална потврда за убиството, иако се шират повеќе верзии. Според една Херман пукал во полицаец, па се забарикадирал во куќата. полицијата наводно реагирала на пријавата на неговата мајка, која ги известила дека Ханикат се однесувал многу чудно. Откако тие пристигнале, тој наводно почнал да пука кон нив и набрзо потоа смртно настрадал.

Американецот сезонава настапи на 17 средби од Евролигата со просек од 9,2 поени и 5,4 скока додека во ВТБ-лигата одигра 16 меча со просечна реализација на 10,3 поени и 6,4 скока.

Ханикат има играно за УКЛА универзитетот во американската НЦАА-лига, за „Сакраменто кингс“ во НБА, а во Европа има настапувано уште и за израелски „Макаби Ирони“ и за турски „Анадолу Ефес“.