Убиен Косовец кој војувал за Фронтот Ал Нусра

Станува збор за Хамди Круша (22) од Призрен, кој се борел на страната на Фронтот ал-Нусра, на кој му се приклучил пред нешто повеќе од две години.

Веста ја пренесува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, во која се наведува дека истата ја потврдиле и косовските безбедносни сили но и неговото семејство.

– Хамди Круша како борец во Сирија бил познат под името Сулејман Ел-Албани, наведува весникот.

Според истиот извор, со неговата смрт бројот на Косовците убиени на боиштата во Сирија и Ирак се искачи на 50, додека повеќе од 70 се уште војуваат на страната на терористичките организации ИД и Ал-Нусра.

Пред два дена беше потврдена смртта на албанскиот државјанин Алмир Даци, од селото Лешница кај Подградец, поранешен самопрогласен имам на селската џамија, еден од највисоките раководители на џихадистичките келии во Сирија.

До сега од Балканот на боиштата во Сирија и Ирак, потврдена е смртта на повеќе од деведесет Албанци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.