Свет

Убиен лидерот на ИД одговорен за киднапирањето на Салопек

Убиен лидерот на ИД одговорен за киднапирањето на Салопек
Салопек (31) е киднапиран од египетски џихадисти, кои се закануваат дека ќе го убијат доколку египетската влада не ослободи муслимански жени затворени во египетските затвори.

Убиен лидерот на ИД одговорен за киднапирањето на Салопек. Египетските безбедносни сили наводно го убиле Абу ал – Касим, за кој се верува дека стои зад киднапирањето на хрватот Томислав Салопек, пишува Танјуг, повикувајќи се на индекс.хр.

Кaсим – лидер на бригадата што стои зад киднапирањето на Салопек

Убиен лидерот на ИД одговорен за киднапирањето на Салопек
Убиен лидерот на ИД одговорен за киднапирањето на Салопек

Оваа вест засега официјално не е потврдена, а медиумите наведуваат дека Касим е еден од лидерите на Исламска држава.

Наводно, убиениот Абу ал – Касим е лидер на бригадата што стои зад киднапирањето на хрватот Салопек.

Премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека и тој ја добил информацијата дека е убиен лидерот на групата која стои зад киднапирањето на Салопек.

Засега тоа неможам да го коментирам, но имам информација, изјавил Милановиќ.

Салопек киднапиран и погубен од ИД

Триесетгодишниот Салопек беше киднапиран на 22-ри јули во Каиро, каде работел за француската компанија ЦГГ. Исламска држава во замена за него барала ослободување на мусламанки од затвори.

Киднаперите на 5- ти август објавија видео со кое се закануваа дека ќе го погубат Салопек, а седум дена подоцна уште едно видео во кое тврделе дека наводно тоа и го сториле.