Убиен лидерот на ККК

Лидерот на расистичката организација Кју-клукс-клан (ККК) Франк Анкона пронајден е мртов со рана во главата од огнено оружје во американската сојузна држава Мисури.

Анкона (51) бил пронајден во саботата од рибари во близина на Голема Река во реонот на Парк Хилс.

Националната централа на ККК се наоѓа во Парк Хилс, на околу 100 километри јужно од градот Сент Луис.