Свет

Убиен лидерот на мексиканскиот наркокартел Зетас

Убиен лидерот на мексиканскиот наркокартел Зетас

Убиен е најбараниот лидер и основач на озлогласениот мексикански наркокартел Зетас, Галдино Меладо Круз.

Тој е убиен во судир со војската, а притоа биле користени гранати и автоматски пушки.

Круз, кој е воен дезертер е убиен во петокот, во северниот пограничен град Рејноса, во кој животот го загубија уште четири цивили и еден војник.Податоците на известувачките служби ја донеле војската до куќата во Рејноса, каде се криел Круз.

Кога е завршен судирот, тој е пронајден мртов во куќата, а до него имало автоматска пушка.

Меладо бил „број два“ во криминалната група која делува во близина на границата на САД и е основач на уште една ваква организација.