Убиен новинар бидејќи на Фејсбук критикувал фудбалер

Убиен новинар бидејќи на Фејсбук критикувал фудбалер
Убиен новинар бидејќи на Фејсбук критикувал фудбалер

Критичкиот коментар на Фејсбук го чинеше живот азербејџанскиот новинар Расим Алијев.

Алијев починал во болницата во Баку поради внатрешно крварење
Алијев починал во болницата во Баку поради внатрешно крварење

Напаѓачот на азербејџанскиот тим Кабала Џавид Хусеинов ја прослави победата над кипарски Аполон во третото квалификациско коло од ЛЕ со носење на турското знаме. Новинарот Расим Алијев на својот Фејсбук профил напиша дека овој играч не знае да се однесува примерно и дека треба да му се забрани настап во Европа. На една група на хулигани не им се допаднал коментарот, па го претепале новинарот.

Неколку дена подоцна овој новинар Алијев починал во болницата во Баку поради внатрешно крварење.

Беа пет или шест лица. Сите ми се нафрлија и почнаа да ме удираат, изјавил по нападот новинарот, кој бил повикан од страна на едно непознато лице кое му рекло дека е внук на еден од играчите на Кабала и сакал да испие чај со него.

Фудбалерот Хусеинов не се огласи по трагичниот настан, а претседателот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека истрагата ќе ја преземе Министерството за внатрешни работи.