Убиен познат лекар во Нови Пазар

Лекарот Сафет Скендер (45) е убиен синоќа во Нови Пазар со повеќе истрели од огнено оружје. Според полициски извори тој е убиен на влезот од станбената зграда во Митровичката улица, а осомничениот е веднаш уапсен.

Станарите на зградата наведуваат дека слушнале неколку истрели и дека убиениот го препознале, тоа бил лекар специјалист од новопазарската болница. Тој на хируршкото одделение е донесен без знаци на живот.

Неофицијални извори наведуваат дека во С.С. пукал постар човек од околу 80 години од кога С.С. го купил станот, а кобната вечер дошол да се распраша кога претходниот газда ќе се исели од него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.