Убиен познат новинар во Украина

Украинскиот новинар и писател познат по своите проруски ставови, Олес Бузина е убиен денеска во Киев, објави на својот Фејсбук профил советникот во Министерството за внатрешни работи на Украина, Антон Герешченко.

Герешченко информира дека Бузина бил убиен во близина на неговиот дом во центарот на Киев, кога во него било пукано од автомобил со странски регистерски таблички.

Како што јави ТАСС, Бузина беше главен уредник на весникот „Сегодња“, но поднесе оставка на оваа должност несогласувајќи се со цензурата што ја наметна сопственикот на изданието, компанијата „Медија Груп Украина“.