Убиен познат стилист во Лос Анџелес

Калифорниската полиција го истражува убиството на меѓународнародно познатиот фризер и директор на големата компанија за производство на средства за нега, Фабио Сементили.

Тој бил пронајден претепан и избоден во куќа во Лос Анџелес. Полициските детективи не можеле веднаш да кажат кој е мотивот за убиството.

Според информациите од полицијата дадени вчеравечер неговиот автомобил, црно Порше од 2008 година исчезнало. Болничарите го пронашле 49 годишниот Фабио во двор на куќа во богатиот кварт Вудланд Хилс како обилно крвари, по што починал на лице место.

Минатата недела тој ставил фотографија на Фејсбук од неговата диплома за фризер од 1987 година потсетил на 30-годишната кариера.

-Оптимист сум, имам енергија и не прифаќам негативно расположение околу себе, напишал тој на Фејсбук.