петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 48

Убиен сирискиот новинар што ги разоткри злосторствата на ИД

Сирискиот новинар и автор на документарни филмови, кој ги разоткри злосторствата на Исламска Држава вчера е убиен во Турција.

siriski-novinar-1

Поврзани вести

Сирискиот новинар и автор на документарни филмови, кој ги разоткри злосторствата на Исламска Држава вчера е убиен во Турција.

Наџи Џерф, кој е автор на документарни филмови во кои се прикажани злосторствата на Исламска држава, е убиен вчера во Турција, соопшти групата за која работел „Рака се убива тивко“.

Како што пренесе МИА, Џерф, кој е татко на две деца, е убиен со пиштол со придушувач во Газиантеп, турски град на границата со Сирија.

Џерф е убиен со пиштол со придушувач во Газиантеп

Џерф е убиен со пиштол со придушувач во Газиантеп

Негов пријател изјави дека тој требал оваа недела да допатува во Париз, откако заедно со останатите членови на неговото семејство добил дозвола за азил во Франција.

„Рака се убива тивко“ е новинарска група која се занимава со злоупотреба на човековите права во Рака, град кој ИД го смета за своја престолнина во Сирија.

Џерф, кој беше уредник на месечното списание „Хента“, во своите документарци, меѓу другото, открил и што правела ИД во текот на крвавите борби околу Алепо.

Најчитани вести