Убиен словачки истражувачки новинар и неговата девојка

Словачки истражувачки новинар кој известувал за даночна измама на деловни луѓе поврзани со владејачката партија е убиен во семејната куќа во текот на изминатиот викенд, извасти порталот Denikk N во понеделникот, цитирјаќи го министерството за внатрешни работи.

Порталот известува дека 27-годишниот Јан Кучиак, новинар на информативниот портал Aktuality.sk е убиен заедно со неговата партнерка во градот Велка Маца, 65 километри источно од главниот град Братислава.

Министерството за внатрешни работи и словачката полиција не биле директно достапни за коментар на барање на медиумите. Подоцна во понделникот се очекува полицијата да одржи прес-конференција во врска со ова двојно убиство.

Последната сторија на новинарот, објавена на 9-ти февруари, го обработувала проблемот на сомнителна даночна измам поврзана со луксузен апартмански комплекс во Братислава.

Изградбата на споменатиот комплекс во словачката престолнина минатата година предизвика протести на кои се бараше оставка на министерот за внатрешни работи Роберт Калинак, поради неговите деловни врски со агентот за недвижнини Ладислав Бастернак кој е испитуван поради можно затајување на данокот.

И двајцата своевремено ги отфрлија наводите за незаконски активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.