Убиен уште еден полицаец во Мисури, друг ранет во Џорџија

По вчерашниот масакр кој се случи во Далас, кога за време на протестите 5 полициски службеници загинаа, а 11 се повредени, денес е убиен уште еден полицаец во Мисури.

Полицаецот бил застрелан во Св. Луис предградие во Балвин. Друг полицаец исто така бил застрелан, но само повреден во Валодста во Џорџија.

Повредениот полицаец бил пренесен во болница.

Убиениот полицаец бил застрелан во пределот на главата, а убиецот бил фатен и во моментов е во притвор.

Полицијата, како што пренесува РТ, осомничениот го опишала како висок и слаб афроамериканец. Кога бил приведен осомничениот носел оружје со себе.