Убиен верски водач на Ал Каеда

Во напад на беспилотно летало е убиен верскиот водач на јеменскиот огранок на Ал Каеда, Ибрахим ел Рубаиш, за кој била распишана награда од 5 милиони долари.

Во соопштението не е наведено каде се случил нападот. Јеменски официјални лица не сакале да ја коментираат веста.

Саудиецот Ел Рубаиш се верува дека во доцните 30-ти години е пуштен од американскиот затвор Гвантанамо во 2006 година, по што се приклучил на јеменскиот огранок на Ал Каеда.