Убиен вториот човек по ранг во ИД

Убен е вториот човек по ранг во ИД. Фазил Ахмад ал Хајал, вториот човек во хиерархијата на екстремистичката група „Исламска држава” е убиен при американски воен воздушен напад во Ирак оваа недела.

Информацијата ја потврди претставник на администрацијата на претседателот Барак Обама.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Нед Прајс изјави дека Фазил Ахмад ал Хајал, познат и како Хаџи Мутаз, патувал со автомобил во близина на Мосул во северен Ирак, кога бил убиен на 18 август. Како прв заменик на лидерот на групата Абу Бакр ал Багдади, тој бил главен координатор за движењето на големи количества оружје, експлозиви, автомобили и луѓе меѓу Ирак и Сирија, пренесе МИА.

Во воздушен напад убиен вториот човек по ранг во ИД
Во воздушен напад убиен вториот човек по ранг во ИД

Според Прајс смртта на ал Хајал е удар за операциите на ИД, пред се зашто тој бил одговорен за финансиите, медиумите, оперативната дејност и логистиката на групата.

При воздушниот напад убиен и медиумски експерт на групата, познат како Абу Абдула.