Татјана Стојанова, шеф на кабинетот на градоначалникот на Пазарџик, Тодор Попов, е убиена синоќа пред својата куќа, соопшти бугарската полиција.
Се претпоставува дека убиството е извршено со придушувач бидејќи соседите не слушнале истрели. Мотивите за инцидентот се непознати.
Триесет и три годишната Стојанова беше поранешен новинар, и шеф на кабинетот на градоначалникот Попов веќе втор мандат. Претходно беше и раководител на општинската администрација додека со неа раководеше сегашниот градоначалник.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.