Балкан

Убиена жена која пукала во седиштето на полицијата во Истанбул

Убиена жена која пукала во седиштето на полицијата во Истанбул

Една жена е убиена денеска во престрелка пред седиштето на турската полиција во Истанбул.

Убиената жена и уште едно лице отвориле оган врз Дирекцијата на полицијата во истанбулската населба Фатих.

Полицајците возвратиле на огнот и ја убиле жената, која била вооружена со бомба и огнено оружје. Нејзиниот сочучесник бил ранет при престрелката и успеал да побегне, но нешто подоцна полицијата го уапсила.

Сахин соопшти дека при пристрелката е ранет и еден полицаец.

Нападот врз седиштето на истанбулската полиција доаѓа еден ден по заложничката криза во суд во Истанбул, која заврши со смрт на двајцата киднапери – активисти на екстремно левичарска група и на заложникот – јавниот обвинител Мехмет Селим Кираз.

poicija