Убиени 22 лица во терористичкиот напад во Тунис

Во вчерашниот напад во Народниот музеј во Тунис убиени се 22 лица, од кои многумина се странски туристи, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа земја, објави МИА.

– Убиени се вкупно 22 лица, вклучувајќи и 20 јужноафрикански, јапонски, француски, полски и италијански туристи, рече портпаролот на министерството Мохамед Али Арови, без да даде детали за идентитетот на жртвите.

Американските медиуми ја пренесуваат Туниската државна телевизија, која наведува дека во нападот има и 50 ранети лица.

Двајца напаѓачи се убиени, но премиерот Хабиб Есид изајви дека се уште се трага по двајца или тројца други напаѓачи.

Според него, меѓу мртвите се и службеници на обезбедувањето на музејот, како и хигиеничарка, додека останатите се туристи од Италија, Полска, Германија и Шпанија.

Шпанското Министерство за надворешни работи потврди дека еден од убиените е нивен државјанин.

Есид во обраќањето на телевизија предупреди дека нацијата е во опасност.

– Ќе бидеме немилосрдни во одбраната на нашата земја, додаде тој, опишувајќи го настанот како напад без преседан врз економијата на Тунис.

Тој вети поголема безбесност во туристичките зони и ги замоли граѓаните да бидат исклучително внимателни.

tunisia-attack

tuni2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.