Убиени 35 џихадисти при воздушни напади во Сирија

Најмалку 35 џихадисти се убиени во текот на ноќта при воздушни напади извршени во Сирија од меѓународната коалиција, предводена од САД, против групата Исламска држава (ИД), соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, објави МИА.

Невладината организација соопшти дека 30 исламисти загинале при бомбардирање во близина на Шадади, во североисточната провинција Хасака.

Петмина други се убиени во воздушни напади кај курдскиот град Кобане, на границата со Турција, кој е под контрола на џихадистите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.