Свет

Убиени 40 цивили при воздушни напади врз ИД

Убиени 40 цивили при воздушни напади врз ИД

Околу 40 сириски цивили, меѓу кои седум деца се убиени за време на воздушни напади на сириските воздушни сили врз позиции на џихадисти од групата Исламска држава, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

Меѓу жртвите има и две жени. Десетици се повредени, од кои повеќето се во тешка состојба. Нападите се извршени во градовите Ал Баб и Кбасин во провинцијата Алепо.

Вчера во судири со курдските сили се убиени околу 60 џихадисти во северниот дел на Сирија.