Убиени четворица напаѓачи на аеродромот во Кабул

Четворица напаѓачи се убиени во нападот врз аеродромот во Кабул.

Нападот завршил, а зоната е ослободена од буновниците. Сите напаѓачи, кои биле забарикадирани во една од зградите се убиени.

Претходно беше соопштено дека неколку десетици вооружени мажи окупирале две новоизградени згради на 700 метри северно од аеродромскиот комплекс и оттаму почнале да стрелаат со автоматско оружје и рачни противтенковски гранати врз аеродромот и врз ловците на мултинационалните сили ИСАФ, кои прелетувале над Кабул.

Засега не е евидентирана материјална штета врз аеродромот. Неколку ракети паднале во делот на аеродромот, но ниту еден авион не е оштетен.

Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците преку својот портпарол Забиула Муџахид.