Убиени двајца полицајци во Мисисипи

Двајца американски полицајци се убиени од непознат напаѓач вчера во градот Хатиесбург, во сојузната држава Мисисипи.

Според податоците на истрагата полицајците, едниот од кои жена, синоќа подлегнале на прострелните рани добиени во нападот. Полицијата трага по напаѓачот, а градоначалникот Џон Допри ги повика жителите да не ги напуштаат своите домови до завршување на истрагата.

Засега не се познати мотивите за убиството, а полицијата не објавува повеќе детали за истрагата.