Убиени најмалку 20 џихадисти во Сирија

Најмалку 20 џихадисти, припадници на ИД, како и двајца припадници на сириската армија го загубија животот во напад врз воздушна база на истокот на Сирија.

Ова е втор неуспешен напад на џихадистите врз таа воздушна база во последниот месец, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, пренесе Б92.

Деветнаесетте загинати припадници на ИД се Сиријци, еден е од Мароко. Џихадистите при повлекувањето успеале со себе да однесат и неколку противавионски ракети.

Инаку воздухопловната база Деир Езор е еден од последните пунктови што сириската армија ги држи во источна Сирија.

Базата се наоѓа во близина на границата со Ирак, каде ИД контролира поголеми територии.