Убиени осум ирански граничари

Осуммина ирански граничари се убиени во судир со сунитски бунтовници, кои преминале од соседен Пакистан, пренесе МИА.

– Вооружени терористи влегле од Пакистан во Иран и се судриле со граничарите, при што загинале осум војници. По инцидентот тие побегнале назад во Пакистан, изјави заменик гувернерот на покраината Систан-Балучистан, Али Асгар Миршекари.

Овој судир во округот Негур е најсмртоносниот напад врз иранските граничари од октомври 2013 година, кога беа убиени 14 војници

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.