Убиени пет либански војници

Петмина либански војници се убиени во престрелка со вооружени лица во источниот дел на Либан, соопшти либанската армија.

Инцидентот се случил на границата каде често преминуваат исламски борци, кои учествуваат во војната во Сирија.

Либанските војници успешно го одбиле нападот врз армиски пункт во близина на граничното село Рас Баалбек по долга престрелка. Во борбите се убиени голем број исламски борци, се наведува во соопштението на либанската војска.