Убиени шест Руси при вооружени судири во Славјанск

Властите во Киев утрово во Славјанск почна операција за протерување на како што ги велат „терористите кои го запоседнаа градот“. Шест проруски припадници се убиени во воени судири на контролните пунктови. 
Проруските демонстранти кои досега го држеа под контрола Славјанск, се повлекуваат. Во регионот распоредени се голем број оклопни возила, а градот го надлетуваат воени хеликоптери од кои повремено се слушаат истрели. Ослободена е зградата на јавната управа во пристанишниот град Маријпол.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска повторно го обвини Западот дека Украина ја користи како пион во геополитичката игра против Русија. Според рускиот претседател, акцијата на украинската армија во Славјанск претставува сериозно злосторство на Киев против сопствениот народ.
НАТО, ЕУ и САД пак жестоко реагираат на острата руска реторика исполнета со обвинувања и закани за можни воени сценарија. Бараат да се испочитува договорот од Женева, кој според нив, Русија не го почитува.