Убиени тројца полицајци при напад во североисточна Турција

Двајца турски полицајци се убиени, а четворица нивни колеги и еден цивил се ранети денеска, при вооружен напад во североисточниот турски округ Трабзон, соопшти трабзонскиот гувернер Јуџел Јавуз.

Турската телевизија НТВ јави дека нападот бил извршен претпладнево во градот Мачка, без да даде други детали.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, бо влатите претпоставуваат дека напаѓачите се бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).

n_101788_1

Веднаш по нападот силите за безбедност презедоа обемна акција за пронаоѓање и ликвидирање на напаѓачите, стои во полициското соопштение